Утрински Весник
Спорт

Еурофарм Пелистер ги дозна конкретните термини во ЛШ: Почетокот е против Колштад, а потоа доаѓа Кил

Еурофарм Пелистер ги дозна конкретните термини во ЛШ: Почетокот е против Колштад, а потоа доаѓа Кил

Еурофарм Пелистер ги дозна конкретните термини за првите четири натпревари од Лигата на шампионите. Македонскиот првак го стартува настапот во елитното европско натпреварување против Колштад во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, со почеток во 18.45 часот.

dobivaj vesti na viber

Седум дена подоцна следи гостување кај Алборг, а следниот спектакл во Битола е на 28.септември кога доаѓа Кил. Тој меч е закажан со почеток во 20.45 часот.

На 12. октомври, Еурофарм Пелистер ќе му гостува на ПСЖ. Тој натпревар исто така е закажан со почеток во 20.45 часот.

Распоред на мечевите на Еурофарм Пелистер во ЛШ

13. септември (18:45 часот) – Е. Пелистер – Колштад

20. септември (20:45 часот) – Алборг – Е. Пелистер

28. септември (20:45 часот) – Е. Пелистер – Кил

12. октомври (20:45 часот) – ПСЖ – Е. Пелистер

Можете да прочитате

Спортот станува клучен дел од новата стратегија за дијаспората 2026–2030

Жељко Обрадовиќ си заминува од клупата на Партизан

Олимпискиот оган од античка Олимпија тргна кон Милано и Кортина за ЗОИ