Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ЕУ отвора врата за ново проширување во 2030 година, историска шанса која само ДПМНЕ ја кочи, велат од СДСМ

СДСМ: Мицкоски стои зад блокадата, цената ја плаќаат граѓаните
300x250 opst2

По 10 години, денес во име на сите држави членки на ЕУ првпат се зборува за временска одредница за следното проширување, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Во наредните месеци ЕУ треба да ги донесе клучните одлуки за проширувањето и за забрзување на реформите и за олеснување на проширувањето, во рамки на европските правила. Македонија има историска и реална шанса, веќе во 2023 година да стане полношравна членка на ЕУ и потребно е да донесеме важни, државнички одлуки за да ја реализираме таа стратешка цел. Единствен противник на тоа се Христијан Мицкоски и ДПМНЕ кои со сите сили се обидуваат да ја повлечат државата назад во нова децениска изолација“, велат од СДСМ.

СДСМ, како што велат од партијата, заедно со граѓаните, заедно со проевропскиот блока тоа нема да го дозволи и ќе стори се да ја обезбеди европската иднина на граѓаните кои во огромен дел, над 80 отсто сакаат да живеат во земја членка на ЕУ.

„Се работи за иднината на нашите деца и за успехот на државата и ние тоа ќе го оствариме“, додаваат од СДСМ.

Можете да прочитате

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места

Ацевски: Две нови катни гаражи околу пазарот во Ѓорче – решаваме долгогодишен хаос со паркирањето