Утрински Весник
Свет

ЕУ ги заострува правилата за увоз на челик

Image 2026 04 14 083309174.png

Европската унија ќе ги заостри правилата за увоз на челик, со цел заштита на домашните производители од зголемената конкуренција на светскиот пазар.

Претставници на земјите-членки и на Европскиот парламент доцна синоќа се согласија годишната квота за бесцарински увоз на челик да биде ограничена на 18,3 милиони тони, што претставува намалување од околу 47 проценти во однос на досегашното ниво.


Дополнителниот увоз над утврдената квота ќе биде оптоварен со царина од 50 проценти, двојно повеќе од претходната стапка, се наведува во соопштението.

Евтиниот челик од Кина, Индија и Турција врши силен притисок врз европските производители, а новите мерки имаат за цел да го заштитат пазарот на Унијата од прекумерната светска понуда.

Со договорот точно се утврдува и распределбата на бесцаринските квоти за државите извознички на челик, со задржување одредена флексибилност. Неискористените квоти ќе може да се пренесуваат од еден во друг квартал.

Постојната регулатива истекува на 30 јуни, а за новите правила да стапат во сила потребно е одобрување од земјите-членки и Европскиот парламент, што се смета само за процедурална формалност.

Можете да прочитате

ММФ, Светска банка и ИЕА предупредуваат на економските последици од војната на Блискиот Исток

Стотици летови откажани поради штрајкот на пилотите на „Луфтханза“

Трамп нарача брза храна, лично ја пречека доставата и остави бакшиш од 100 долари