Утрински Весник
Свет

ЕУ ги укина санкциите против Сирија

13019944.jpg

Европската Унија одлучи да ги укине сите економски санкции против Сирија, објави високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.

„Сакаме да му помогнеме на сирискиот народ да изгради нова, инклузивна и мирна Сирија. Европската Унија отсекогаш стоела покрај Сиријците во текот на последните 14 години и ќе продолжиме да го правиме тоа“, рече Калас.


Одлуката за укинување на санкциите беше договорена на состанок на амбасадорите на земјите-членки и потврдена од министрите за надворешни работи кои се состанаа во Брисел.

Минатата недела, САД, исто така, ги укинаа санкциите.

ЕУ воведе санкции против режимот на соборениот претседател Башар ал-Асад. Главно станува збор за санкции против сирискиот банкарски систем и забраната за продажба на оружје за кое се претпоставуваше дека Асад може да го употреби против цивилното население.

Можете да прочитате

Еден загинат и најмалку 30 лица повредени во руски напад на Киев

Пентагон го запре распоредувањето на 4.000 американски војници во Европа

Рубио изјави дека САД сакаат Кина да помогне во решавањето на кризата во Ормуз