Утрински Весник
Свет

ЕУ ги продолжи санкциите кон Сирија до 2025 година

Thumbs B C 2b877e1c9484c802f27e167d538378ec.jpg

Европската унија ги продолжи санкциите против сириската влада и оние кои ја поддржуваат до 1 јуни 2025 година.

„Во моментов важечките рестриктивни мерки опфаќаат 316 лица и 86 субјекти. Нивните средства се замрзнати, а на граѓаните и компаниите на ЕУ им е забрането да им даваат средства на располагање“, соопшти денеска Советот на Европската унија.

Се додава дека продолжувањето на санкциите е неопходно бидејќи, како што се наведува, „сирискиот режим ја продолжува својата политика на репресија и кршење на човековите права“, но дека хуманитарната помош за Сирија ќе продолжи поради хуманитарната криза предизвикана од разорниот земјотрес што ја погоди таа земја и Турција во февруари 2023 години.

Можете да прочитате

Тројно убиство: Словак се предаде во Линц, едно тело пронајдено во фрижидер

Белгиските власти приведоа двајца израелски војници по пријава за „сериозни воени злосторства“ во Газа

Арагчи: Иран ќе ја продолжи програмата за збогатување со ураниум