Утрински Весник
Економија

ЕУ доби официјален буџет за 2026 година

Evra.webp.webp

Советот на ЕУ го усвои предлог – буџетот на Европската Унија за идната година, којшто беше во усогласен со Европскиот парламент на 15 ноември. Во буџетот се предвидени 192,8 милијарди евра за ,,обврски” а 190,1 милијарди евра во ,,исплати”. Обврските се трошоците за активности кои се спроведуваат во текот на неколку финансиски години, а исплатите опфаќаат расходи за проекти за тековната година.

Данскиот министер за финансии, Николај Вамен по освојувањето на буџетот, истакна дека ова е последниот чекор во обезбедувањето на средства што ќе и овозможат на Унијата да продолжи да ги исполнува приоритетите во текот на 2026 година. Со буџетот за реагирање во непредвидени околности се обезбедени 715,7 милиони евра.

Се очекува буџетот да биде формално одобрен од страна на Европскиот парламент оваа среда.

Можете да прочитате

Просечната плата во ноември била 45.961 денар

Растат задолжувањата и депозитите, граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити

Македонија и отсуството на култура на пари