Утрински Весник
Спорт

Еспањол поднесе жалба за настапот на Левандовски

Еспањол поднесе жалба за настапот на Левандовски

Фудбалскиот клуб Еспањол поднесе жалба до Ла Лига со која го оспори резултатот од натпреварот против Барселона. Во жалбата се наведува дека напаѓачот на Барселона Роберт Левандовски немал право на настап.

dobivaj vesti na viber

Еспањол и Барселона одиграа нерешено 1:1, во саботата, а Левандовски играше и покрај тоа што беше исклучен на претходниот првенствен натпревар на Барселона.

Судот во Мадрид во петокот пресуди дека на Левандовски, најдобриот стрелец во лигата, може да игра се додека шпанскиот Управен спортски суд не донесе конечна одлука по жалбата на Барселона против неговата суспензија од три натпревари поради исклучувањето на натпреварот против Осасуна на 8. ноември.

Еспањол изјави дека е оштетен со неочекуваната одлука на судот во Мадрид привремено да ја укине суспензијата.

„Еспањол ќе ги искористи сите ресурси што му се на располагање за да ги брани своите интереси и интересите на нашите навивачи, свесен дека оваа флагрантна неправда ја загрозува суштината на нашето натпреварување и дека оваа неправда се заснова на избрзано решение со очигледни правни недостатоци“, соопшти Еспањол.

Клубот соопшти дека пред саботниот натпревар го известил судискиот тим за неподобноста на настапот на Левандовски. Левандовски сепак би можел да биде суспендиран доколку Управниот спортски суд донесе одлука против жалбата на Барселона.

Полскиот напаѓач доби суспензија од еден натпревар кога беше исклучен поради втор жолт картон на натпреварот против Осасуна, а натпреварувачката комисија на Ла Лига му одерди уште два меча суспензија поради „непочитување“.

Судијата Хил Манзано, во својот извештај од натпреварот, напиша дека Левандовски двапати се допрел за носот пред да го впери палецот кон судијата. Овој гест Манзано го протолкувал како непочитување.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност