Утрински Весник
Политички Партии

ЕСМ: Заради скинати цевки во котелот, Блок 1 на РЕК Битола утрово исклучен од мрежа

ЕСМ: Заради скинати цевки во котелот, Блок 1 на РЕК Битола утрово исклучен од мрежа

Блок 1 на РЕК Битола утрово е исклучен од мрежа заради скинати цевки во котелот на постројката. Во тек е дефектажа која точно ќе ги лоцира аномалиите, по што во најбрз можен рок Блокот ќе биде саниран и вратен во функција.

dobivaj vesti na viber

На Блок 1 пред една недела беа извршени сервисно – ремонтни активности кои, за жал, не можат да предвидат или превенираат ситуација како денешната. Секој од трите блока на РЕК Битола има котел составен од цевки со должина од околу 700 километри, поставени на различни нивоа, низ кои поминува пареа со топлина од над 500 степени Целзиусови. Кон санација на оштетувањето се пристапува откако ќе се создадат физички услови за интервенција.

Како што и претходно информиравме, заради енергетската криза во која се наоѓа државата и потребата од постојано и зголемено производство на електрична енергија, ремонти и санација на делови од блоковите се изведуваат кога ќе се укаже можност за тоа, без притоа да се загрози стабилноста на постројките.

Во прилог видео и фото од санација на скинати цевки во котел на блок на РЕК Битола.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт