Утрински Весник
Економија

ЕСМ Продажба за декември набави 40.600 MWh електрична енергија за дополнителни снабдувања по одлуки на Влада

ЕСМ Продажба за декември набави 40.600 MWh електрична енергија за дополнителни снабдувања по одлуки на Влада

ЕСМ Продажба за декември набави 40.600 MWh електрична енергија наменета пред се за потребите за дополнителни снабдувања по одлуки и задолженија од Владата.

dobivaj vesti na viber

За набавката се потрошени 16.319,639 евра без ДДВ. Во оваа набавка беше вклучена и базна и пикова енергија кои се со различни цени, односно пониска и повисока, информираат од компанијата.

„Првичниот план за набавка на електрична енергија за декември изнесуваше 48.000 MWh електрична енергија, но по добиените задолженија од Влада на Република Северна Македонија за дополнително снабдување од 1 декември на уште 3 категории потрошувачи (Прехранбена индустрија, Основни и средни училишта и Јавни претпријатија за водовод) планот за набавка е ревидиран на количина од 64.000 MWh“ се вели во соопштението.

АД ЕСМ со сопственото производство целосно ги задовололува потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и најголемиот дел од количините за дополнително снабдување по субвенционирана цена за мрежата на ЕВН Електродистрибуција и МЕПСО.

Можете да прочитате

Филипче во одбрана на лозарите: Дополнителни три денари по килограм грозје

Лукаревска: Секој ден ново задолжување, ВМРО-ДПМНЕ повторно ги задолжува граѓаните

Царинска управа: За 14,5 милиони евра зголемена наплатата на приходи во август – рекорден раст од 8,9 проценти годинава