Утрински Весник
Економија

ЕСМ Продажба потпиша договор со фирма од Бугарија за набавка на гас за топланите и за другите потрошувачи

ЕСМ Продажба потпиша договор  со фирма од Бугарија за набавка на гас за топланите и за другите потрошувачи

ЕСМ Продажба денеска потпиша договор за снабдување со природен гас за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останатите потрошувачи на природен гас во Македонија, пред се поголемите производствени и услужни капацитети, соопштија од таму.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението е наведено дека потрошувачите на природен гас во државата треба да се обратат до ЕСМ Продажба за понатамошно снабдување за своите потреби од 1.1.2023 година.

„Договорот е потпишан со фирмата „Balkan Utilities“ од Бугарија, за испорака на природен гас за месец јануари по цена од 115,97е/MWh. Истата фирма даде понуда за снабдување и до 1.5.2023г., со тоа што ќе дава месечни понуди за цена пред почетокот на секој месец. Досегашниот снабдувач со гас на АД ЕСМ, Макпетрол Пром–Гас, понуди цена од 116,20e/MWh, која не беше фиксирана, односно е подложна на корекции за јануари. Третиот понудувач A.P.M.P. Handels Ges не даде комплетна понуда“, се појаснува во информацијата.

Појаснуваат дека ЕСМ Продажба на 23.12.2022г објави повик за прибирање понуди од домашни и странски компании кои имаат можност да обезбедат и да испорачаат потребна количина на природен гас. Дополнително, како што додаваат, беше испратена директна покана за понуда до сите активни лиценцирани фирми за трговија и снабдување со природен гас во државата.

Можете да прочитате

Филипче во одбрана на лозарите: Дополнителни три денари по килограм грозје

Лукаревска: Секој ден ново задолжување, ВМРО-ДПМНЕ повторно ги задолжува граѓаните

Царинска управа: За 14,5 милиони евра зголемена наплатата на приходи во август – рекорден раст од 8,9 проценти годинава