Утрински Весник
Економија

ЕСМ: Ќе помогнеме за обновување на енергетскиот систем на Украина

ЕСМ: Ќе помогнеме за обновување на енергетскиот систем на Украина

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, оствари средба со амбасадорката на Украина, Лариса Дир, и заменик-амбасадорот Роман Буга.

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговараше за тешката состојба во енергетскиот сектор во Украина, како последица на воените дејствија произлезени од конфликтот со Русија, што доведе до тоа 1 милион жители на Киев да живеат без струја и вода, во крајно тешки услови.

Амбасадорката Дир побара помош од страна на АД ЕСМ со цел да се даде придонес во обновување на инфраструктурата за производство на електрична енергија во Украина.

АД ЕСМ најави ќе вложи напори да им помогне на граѓаните на Украина, искажувајќи грижа не само за граѓаните во границите на Северна Македонија, туку и за сите луѓе кои се соочуваат со предизвици и на кои може да им се помогне.

„ЕСМ ќе помогне со опрема и делови кои ги има на залиха, а кои во моментот не се неопходни за користење“, рече Ковачевски.

Покрај за производството на електрична енергија, од украинската амбасада беше побарана помош и за преносниот систем за електрична енергија, за што ќе треба да помогнат другите субјекти во електро-енергетскиот систем.

Можете да прочитате

Недостигот на квалификувана работна сила еден од проблемите со кои се соочуваат странските инвеститори

„Скратена работна недела“ – нова економска мерка на СДСМ

Мицкоски: Радува податокот дека продолжува растот на платите