Утрински Весник
Свет

Ескобар: Повеќе сум загрижен за можноста за економски колапс отколку за можна војна во Босна и Херцеговина

Стејт департмент: Ескобар доаѓа во регионот за да го поддржи дијалогот помеѓу Белград и Приштина
Dik 300x250 mk

Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, изјави дека позагрижен од војна во Босна и Херцеговина e поради можноста за економски и демографски колапс.

dobivaj vesti na viber

„Тоа е многу пореална опција“, рече Ескобар во петокот во Загреб, пред да замине на годинешниот форум во Дубровник.

Тој предупреди дека тоа го поткрепува и фактот што БиХ има убедливо најлош економски раст во регионот и најлош индекс на корупција во регионот во 2022 година, а секоја година губи по еден процент од населението, главно млади луѓе.

Ескобар рече дека политичките права на сите потписнички на Дејтонскиот договор треба да се зачуваат и заштитат, но дека е убеден дека младите се помалку оптоварени со политички права отколку со корупција и неповолни економски услови во земјата.

„Тие луѓе заминуваат не затоа што не сакаат да живеат во мултиетничко општество. Тие заминуваат затоа што не можат да најдат работа без корупциски врски“, нагласи американскиот дипломат.

Тој оцени дека економијата на Република Српска е во многу, многу лоша состојба и дека нејзиниот лидер Милорад Додик, како што рече, повеќе не се смета за ефективен во однос на економското управување.

Можете да прочитате

Кој стои зад грабежот на векот: Еве како изгледа украдениот накит од Лувр (ФОТО)

Лувр под клуч: По спектакуларната кражба продолжува потрагата по виновниците

Орбан: Успехот на самитот во Будимпешта е од егзистенцијален интерес за Унгарија