Утрински Весник
Македонија

Ескалира состојбата во о. Врапчиште: Две лица се приведени за градењето на црква (ВИДЕО)

Final.jpg

Две лица попладнево се уапсени во зградата на општина Врапчиште, јавува дописникот на ТВ21.

Тие се уапсени поради тоа што дале отпор на полицијата, откако вчера тие дошле на местото каде што се гради црква и како што велат тие им било кажано да ги прекинат сите градежни активности и да си заминат.

Инаку денеска во утринските часови граѓани пристигнаа во општината за да кажат дека не градат дивоградба, туку го чистат просторот околу црквата.

Инаку на видеото кое вчера се споделуваше низ друштвените мрежи се тврдеше дека полицајци дошле со наредба од обвинител за приведување на сите. Ова го демантираа од Обвинителство и полиција.

Видеа од апсењето погледнете со клик ТУКА и ТУКА.

“Министерството за внатрешни работи, односно Секторот за внатрешни работи Тетово во текот на вчерашниот ден (09.09) постапувајќи по претходна пријава доставена до СВР Тетово од страна на инспектор за урбанизам од општина Врапчиште, направи увид на месноста викана Топли извори (меѓу селата Топлиште и Врапчиште) на локацијата на црквата „Света Петка “, каде што, наводно, според пријавата – се изведувале незаконски градежни работи на црквата. При увидот полициските службеници разговарале со затекнатите граѓани кои што го чистеле црковниот двор и околината на самиот објект. Притоа не се одземени никакви предмети од затекнатите граѓани, ниту пак е извршено некакво приведување. За настанот е известен надлежен ОЈО“, велат од МВР за ТВ21.

Соопштение испратија и од Јавното обвинителство:

„Во однос на објавените невистинити информации кои се споделуваат на социјалните мрежи, а се преземени од повеќе медиуми и се однесуваат за настан во близина на верски објект во гостиварско, Основното јавно обвинителство Гостивар ја известува јавноста дека јавен обвинител нема издадено наредба за приведување или задржување на ниту едно лице. Основното јавно обвинителство Гостивар е известено дека МВР постапува во конкретниот случај по поднесена пријава од Општина Врапчиште за недозволено вршење градежни работи во непосредна близина на магистрален пат. Работите се прекинати, а по насоки на јавен обвинител денеска полициски екипи ќе извршат увид на лице место со цел да се утврди каков е статусот на објектот и работите кои се извршувале, како и дали во целиот настан воопшто има елементи на кривично дело“, велат од ОЈО.

Можете да прочитате

Меџити: Коцкањето во последните години стана рак на општеството

Избувна пожар во подрумските простории од зградата на Општина Тетово – Изгоре складиран изборен материјал

Наскоро нов продолжен викенд – Уште колку неработни дена остануваат до крајот на годинава?