Утрински Весник
Македонија

Есенски караван на Агенцијата за пошти – „АП поблиску до корисниците на поштенските услуги“

20241112203811 Big 730x400 22.webp.webp

Агенцијата за пошти во соработка со Канцеларијата на Народниот Правобранител, денеска и утре, ќе го спроведе вториот есенски информативен караван „АП поблиску до корисниците на поштенските услуги“.

Реализацијата на есенскиот караван ќе опфати три едукативни средби со граѓаните, студентите и претставници од бизнис-секторот, во градовите Велес, Штип и Струмица.

Целта на караваните организирани од  Агенцијата за пошти е да се доближи работата на давателите на поштенските услуги пред пошироката јавност, како и да се подигне јавната свест за начинот на користење на правата на корисниците на поштенските услуги.

– На едукативните средби ќе бидат презентирани и надлежностите на Агенцијата за пошти, а главен акцент ќе се стави на информирање на јавноста за остварување на законските права на корисниците, нивните обврски како и обврските на давателите на поштенските услуги.

На посетителите ќе им се даде можност да поставуваат прашања поврзани со обезбедувањето на услугите како и да информираат за евентуални забелешки поврзани со доставата, информираат од Агенцијата за пошти.

Можете да прочитате

Достоинство или интеграција по секоја цена? Или достоинствена интергација! Македонскиот пат кон Европа

Најмногу дожд во Охрид, Тополчани и Крива Паланка, највисока снежна покривка на Попова Шапка

ЛДП: Државниот јавен обвинител да се избира со двотретинско мнозинство во Собранието