Утрински Весник
Магазин

Ерупција на вкусови со „Волкано” – новото премиум вино на „Монтеко”

Volkano nastan 5 1024x683.jpg

Винаријата „Монтеко” го претстави своето ново премиум вино – „Волкано” на настан кој се одржа вчеравечер во English Pub & Restaurant – The Corner, во Скопје. 

Ова премиум вино е каберне совињон одгледувано на вулканска почва, на 600 метри надморска височина. Се работи за берба од 2023 година, а серијата е лимитирана на 5.997 шишиња. „Волкано” е вино што ја отсликува суштината на тероарот од кој потекнува, додека во себе носи впечатлива енергија од земјата на која што се одгледува грозјето.


Бербата е рачна, изведена во ладните утра на средината на октомври, исклучиво од сопствените лозја. Ова каберне совињон се издвојува по аромата на свежо црвено овошје, испреплетена со зачини и црн бибер, како и со вкусот на темни бобинки обвиени во комплексни ноти од француски даб. Резултатот е елегантно и провокативно вино, со потенцијал за благороден развој во шишето.

Во винаријата „Монтеко”, секоја фаза од создавањето на виното е резултат на длабока посветеност, експертиза и страст. Од прецизната селекција на грозјето, до примената на највисоки технолошки стандарди, тимот на „Монтеко” создава вина што креираат уникатно искуство и преку кои се остава автентичен печат на македонскиот тероар. Со „Волкано”, винаријата уште еднаш го потврдува својот фокус на квалитет, иновација и почит кон природата, создавајќи вино што ќе остане запаметено по својата моќ, елеганција и еруптивен карактер.

Повеќе информации за винаријата се достапни на интернет-страницата monteko.mk.

Можете да прочитате

Нострадамус ја предвидел вештачката интелигенција? Пророштво старо 500 години повторно ја вознемири јавноста

Штипската џиновска пастрамајлија ќе биде долга над два метри

Детали за турнејата на Оејзис во 2027