Утрински Весник
Македонија

„Ќерката е во болница“ – измама тешка над 430.000 денари во Виница

Lekar.jpg

Седумдесет и седумгодишен жител на Виница пријавил во полиција дека бил жртва на измама, при што му била одземена сума од над 430.000 денари.

Како што информираат од ОВР Виница, на 08.01.2026 година во 17:30 часот оштетениот пријавил дека во текот на денот добил телефонски повик од лице кое се претставило како лекар. Лицето го известило дека неговата ќерка се наоѓа во болница поради скршеница на нога и дека е неопходно итно да се изврши операција со вградување шипки.

Според пријавеното, наводниот лекар побарал пари за интервенцијата, по што оштетениот, по претходен договор, во неколку наврати ги однел парите на договорено место.

Откако се вратил дома, 77-годишникот добил повик од својата ќерка, по што сфатил дека бил измамен.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Автобус излетал од патот кај Тетовско Стенче – бил празен, полицијата трага по возачот

Филипче: Каде заврши милијардата евра од унгарскиот заем со кинески пари

Сообраќајна незгода во строгиот центар на Скопје, повреден мотоциклист