Утрински Весник
Свет

Ердоган: Во земјотресите се оштетени или уништени 214.000 згради

Ердоган: Во земјотресите се оштетени или уништени 214.000 згради

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека во разорните земјотреси минатиот месец што го погодија јужниот дел на земјата, повеќе од 214.000 згради се уништени или тешко оштетени, пренесува Анадолија.

dobivaj vesti na viber

„Во овој момент е утврдено дека имаме 608.000 посебни делови во 214.000 згради кои се урнаа или се сериозно оштетени и сите ќе бидат отстранети“, рече Ердоган.

Тој, исто така, посочи дека точниот број на згради и куќи што ќе се обноват во регионите погодени од земјотресот ќе се знае откако ќе се заврши проценката на штетите.

Можете да прочитате

Трамп: „Нема договор, но сме блиску“ – Путин: „Ова е почетна точка“

Путин и Трамп со заедничка прес-конференција во живо

Трамп и Путин слетаа во Алјаска