Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека сè додека Шведска не ѝ ги испорача на Анкара осомничените за тероризам, Турција нема да го одобри нејзиното членство во НАТО.
Новиот шведски премиер Улф Кристерсон побарал средба во врска со ова прашање и средбата би можела да се одржи во Турција, им изјави Ердоган на новинарите што го придружуваа на враќање од посетата на Азербејџан, објави „Дејли сабах“.
Ердоган рече дека борбата на Турција против тероризмот е бескомпромисна и нема да прави отстапки.
Шведска ќе ги удвои своите напори за спроведување на трилатералниот договор потпишан со Турција за екстрадиција на терористите, рече Кристерсон во четвртокот.
Шведска и Финска, за да станат полноправни членки на НАТО, нивното барање за прием мора да биде ратификувано од парламентите на 30-те земји членки на алијансата.
Досега тоа го направиле 28 земји членки, освен Турција и Унгарија, пренесе „Телеграф.рс“.