Утрински Весник
Свет

Ердоган се состана со водачот на турската опозициска ЦХП за првпат по осум години

677z381 1 Erdogan.jpg

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Анкара се сретна со лидерот на најголемата турска опозициска партија, Републиканската народна партија (ЦХП), Озгур Озел, што е прва ваква средба по речиси осум години.

Се очекуваше разговорите да се фокусираат на напорите за постигнување договор за новиот Устав, економијата и ситуацијата во Појасот Газа, објави турската државна телевизија ТРТ Хабер.

Средбата меѓу Ердоган и Озел дојде само еден месец откако ЦХП ја победи партијата на Ердоган на локалните избори на 31 март, кога АКП го претрпе најголемиот пораз во повеќе од 20 години на власт.

Аналитичарите проценуваат дека резултатите од локалните избори ќе имаат лошо влијание врз плановите на Ердоган да го протурка усвојувањето на новиот Устав кој потенцијално би можел да го продолжи неговото владеење по 2028 година, кога му завршува сегашниот мандат.

Озел беше избран за лидер на ЦХП во ноември минатата година.

Можете да прочитате

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата