Утрински Весник
Свет

Ердоган: Путин ми рече бесплатно да испратиме жито во Џибути, Сомалија и Судан

Ердоган: Путин ми рече бесплатно да испратиме жито во Џибути, Сомалија и Судан
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„Се договоривме опширно да разговараме за тоа на самитот на Г-20“ во Индонезија. Ќе обезбедиме бродовите со жито да стигнат до сите земји на кои им се потребни, особено во Сомалија, Џибути и Судан, кои се борат со сериозна криза со храна и глад“, рече Ердоган.

dobivaj vesti na viber

Русија и Турција постигнаа договор за бесплатно доставување жито на земјите на кои им е потребно, вклучувајќи ги Џибути, Сомалија и Судан, изјави во петокот, 4 ноември, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Рускиот претседател Владимир Путин ми рече за време на нашиот телефонски разговор дека треба бесплатно да испратиме жито во земјите вклучувајќи ги Џибути, Сомалија и Судан. Се согласивме“, рече Ердоган во телевизиското обраќање, пренесува агенцијата Франс прес.

„Се договоривме опширно да разговараме за тоа на самитот на Г-20“ во Индонезија. Ќе обезбедиме бродовите со жито да стигнат до сите земји на кои им се потребни, особено во Сомалија, Џибути и Судан, кои се борат со сериозна криза со храна и глад“ – рече Ердоган.

Оваа недела Русија се врати на договорот за жито што овозможува украинскиот извоз да минува низ Црното Море.

Договорот постигнат во јули, со посредство на Обединетите нации (ОН) и Турција, треба да биде обновен на 19 ноември, три дена по завршувањето на самитот на Г20 на Бали, но Кремљ се уште не потврдил дека ќе се согласи со него.

Во четвртокот, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја нема да учествува на Самитот на Г-20 доколку рускиот претседател е учесник.

Рускиот лидер допрва треба да потврди дали доаѓа.

Украина, еден од најголемите светски извозници на жито, беше принудена да ги прекине речиси сите пратки откако Русија ја нападна земјата на 24 февруари.

Можете да прочитате

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони