Утрински Весник
Свет

Ердоган: Нема да го променам ставот кон Русија ако повторно бидам избран

Германските обвинители нема да го гонат политичарот кој го нарече Ердоган „канализациски стаорец“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека доколку победи на претседателските избори, има намера да ја задржи истата политика во односите со Руската Федерација и другите земји како досега, пишува РИА Новости.

dobivaj vesti na viber

Претходно, прес-секретарот на шефот на руската држава Дмитриј Песков, коментирајќи ја изјавата на турскиот претседателски кандидат од опозициската „Народна алијанса“ Кемал Киличдароглу за мешањето на Руската Федерација, рече дека Москва не се меша во внатрешните политики и изборните процеси на другите земји. Ердоган го повика Киличдароглу да се „засрами“ по неговите изјави за наводното мешање на Русија во изборите во земјата.

„Да привлечеме една земја и да предизвикуваме друга, како што тоа го прават во Републиканската народна партија – тоа не е во нашите принципи“, рече Ердоган во интервју за Си-Ен-Ен Турк и Канал Д.

„Досега се придржувавме до политиката на „гушкање“ со сите земји – со Руската Федерација, САД, Кина, со сите западни земји одржувавме постојани контакти. Како претседател на Турција, не можам да си дозволам да бидам навреден и лут. Кога отфрлаш една земја, губиш“, рече Ердоган.

Турската опозиција се противи на мешање на која било земја во претседателските и парламентарните избори на 14 мај, вклучително и САД, изјави заменик-претседателот на Републиканската народна партија (ЦХП) Огуз Салији во интервју за РИА Новости. Тој одби да ги коментира изворите на информации за наводното мешање на Руската Федерација.

На 14 мај во Турција се одржаа парламентарни и претседателски избори. Високата изборна комисија на Турција во понеделник официјално го објави вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат на 28 мај. Ердоган добил 49,51 отсто од гласовите, неговиот ривал Кемал Киличдароглу – 44,88 отсто.

Можете да прочитате

Борел: Не можеме да го поткопуваме Меѓународниот кривичен суд

Русија врати седум украински деца со посредство на Катар

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“