Утрински Весник
Свет

Ердоган: Нè оставија да чекаме 50 години, ќе одговориме кога ќе дојде време

Ердоган: Нè оставија да чекаме 50 години, ќе одговориме кога ќе дојде време

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција повеќе од 50 години чека пред вратата на Европската унија и дека ќе го даде потребниот одговор кога ќе дојде време.

dobivaj vesti na viber

„Нè принудија да страдаме пред вратата на ЕУ повеќе од 50 години. Тие сè уште продолжуваат да го прават истото. Но, ние ќе одговориме кога ќе дојде време, рече Ердоган“, за време на неговиот говор на церемонијата на доделување на „Највисокиот Орден на турскиот свет“.

Во 1963 година Турција потпиша договор за влез во ЕУ (во тоа време Европската економска унија), а во 1987 година поднесе барање за членство во Унијата. Сепак, пристапните преговори започнаа дури во 2005 година и постојано беа суспендирани поради несогласувања. Во моментов се отворени 16 од 35 поглавја на преговарачкиот процес.

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година