Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Ердоган им порача на Грците: Подобро да не се плеткате во Егејот

Ердоган: Се договорив со Путин, Европа ќе добива руски гас преку Турција
Img 7972

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја нема проблеми со Грција се’ додека Грците не прават проблеми во Егејското Море.

dobivaj vesti na viber

Турција ја тестираше својата балистичка ракета со краток дострел Тајфун во октомври. Ракетата може да погоди цел на растојание од 561 километар за 456 секунди.

„Колку е дострелот на Тајфунот? Тој е 561 километар. Што направија Грците? Весниците веднаш излегоа со наслови „Ќе ја погоди Атина“. Немаме таков проблем се’ додека не се плеткате со нас во Егејскиот регион. Се додека не се плеткате со нас во Егејот, ние нема да се плеткаме со вас“, рече Ердоган на церемонијата во Анталија.

Турција е членка на НАТО повеќе од 70 години и предупреди на провокативните дејствија и реторика на Грција во регионот во последните месеци, вклучително и вооружувањето на островите во близина на бреговите на Турција кои се демилитаризирани според обврските од договорот. Анкара смета дека таквите потези ги фрустрираат нејзините добронамерни напори за мир, пишува Анадолија.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот