Утрински Весник
Свет

Ердоган ја претстави новата влада: Нови лица, само двајца министри од претходниот кабинет

Ердоган ја претстави новата влада: Нови лица, само двајца министри од претходниот кабинет
300x250 (7)

Новоизбраниот турски претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа именуваше министри во новата влада на Турција. Ердоган одлучи повторно да го назначи Мехмет Шимшек (56) на функцијата министер за финансии во новата влада. Шимшек беше многу ценет меѓу инвеститорите кога претходно беше министер за финансии и вицепремиер помеѓу 2009 и 2018 година.

dobivaj vesti na viber

За министер за надворешни работи е именуван Хакан Фидан (55), на местото на долгогодишниот шеф на дипломатијата Мелвут Чавушоглу. Фидан е на чело на Националната разузнавачка служба од 2010 година, а пред тоа беше советник на Ердоган. Наместо Хулуси Акар за министер за одбрана е именуван Јашар Ѓулер (69), кој е во армијата 49 години, а од 2018 година беше и началник на Генералштабот.

300x250 (7)

Потпретседател на Турција ќе биде Џевдет Јилмаз (56), кој претходно беше директор на АК Партијата на Ердоган за економски прашања и вицепремиер за економски прашања.

Министер за полиција ќе биде Али Јерликаја, наместо Сулејман Сојлу, кој на таа функција е од 2018 година. Јерликаја (55) беше гувернер на провинциите Газиантеп, Текирдаг, Агри и Ширнак.

Ss1

Можете да прочитате

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина и за Израел

Блинкен во посета на Кина

Словенечката опозиција бара истрага за случаите на кражба на бебиња