Утрински Весник
Македонија

Епидемијата на голема кашлица упорна, евидентирани 13 новозаболени

Golema Kaslica.jpg

Во периодот од 6 до 12 септември, пријавени се 13 нови случаи на голема кашлица, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Најголем број од случаите се пријавени во Скопје, а пријавени се и по 3 случаи од Прилеп и Куманово и по еден од Кратово и Крива Паланка. Возраста на заболените се движи од 5 месеци до 56 години, а најголем број на случаи се од возрасната група до 4 години.

„Во однос на вакциналниот статус на заболените, 9 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус и четири се вакцинирани согласно возраста. Од новите случаи, 6 се хоспитализирани“, информира ИЈЗ.

Од појавата на првиот случај, во Македонија се регистрирани вкупно 1.087 случаи на голема кашлица, што е неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период (2019-2023 година), кога се регистрирани вкупно 10 случаи. Најголем број од заболените живеат во Скопје – 779, а во Куманово се пријавени 105 заболени лица. Во рамки на епидемијата во Тетово, пријавени се 64 заболени лица.

Можете да прочитате

Апелација им ги зголеми казните на сите 13 обвинети во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал​ со дете-жртва

Стојанче ја заклучувал ќерката сама дома и давал само ѓевречиња, а тој одел на вежбање

Министерството за спорт и САДУ потпишаа колективен договор:  Етапно зголемување на платите до 21% и бројни придобивки за вработените