Утрински Весник
Магазин

Џенифер Лопез ќе глуми во филм на Бен Афлек и Мет Дејмон

Џенифер Лопез ќе глуми во филм на Бен Афлек и Мет Дејмон

20 години по филмот „Џигли“, Бенифер се подготвува за уште една соработка.

dobivaj vesti na viber

Џенифер Лопез треба да глуми во Unstoppable („Незапирлив“), спортска драма што ќе ја продуцира нејзиниот сопруг Бен Афлек, дознава „Дедлајн“.

Филмот ќе ја раскаже вистинската приказна за Ентони Роблс, трикратен сеамерикански шампион во борење роден со една нога. Тој е и автор на истоимената книга. Допрва ќе биде објавен дополнителен избор на актери.

Продуцентската куќа на Афлек, Artists Equity, што тој ја основа заедно со колегата актер Мет Дејмон, ќе го продуцира филмот. Вилијам Голденберг ќе го има своето режисерско деби на проектот.

„Незапирлив“ ќе биде првата официјална соработка на Афлек и Лопез од нивната венчавка во 2022 година.

Можете да прочитате

Работни места што ќе исчезнат- и оние што ќе процветаат во 2026 година

Тие се најлошите колеги: Овие хороскопски знаци доаѓаат директно од пеколот на вашата работа

Орада во бело вино – 24info.mk