Утрински Весник
Македонија

Енес Ибрахим оствари официјална средба со лидерот на ЏХП, Озгур Озел во Турција

Img 2192.jpeg

Претседателот на Партијата за движење на Турците (ТХП), Енес Ибрахим, предводејќи партиска делегација, присуствуваше на 39. Редовен Конгрес на Републиканската народна партија (ЏХП) во Анкара.

Во рамките на Конгресот, делегацијата на ТХП оствари продуктивна средба со претседателот на ЏХП, Озгур Озел, на која се разговараше за продлабочување на меѓупартиските односи, унапредување на соработката и можностите за идни заеднички активности од интерес за граѓаните.

Делегацијата одржа и посебни средби со потпретседателите на ЏХП, Дениз Јуџел и Намик Тан. Разговорите беа насочени кон политичките состојби во регионот, развојот на Балканот и континуитетот на институционалниот дијалог меѓу двете партии.

Претседателот Енес Ибрахим нагласи дека воспоставените контакти и размената на идеи претставуваат значаен чекор кон зајакнување на меѓусебната соработка и градење заедничка визија за иднината.

ТХП ќе продолжи активно да работи на заштита на интересите на заедницата и на сите граѓани, како и на унапредување на политичката соработка на меѓународно ниво.

Можете да прочитате

Апсење во Гостивар: Судски службеник нудел бришење казна за 100 евра

Левица: Октопод во ДКСК – архивата алатка за прикривање на предмети од ДПМНЕ

Дали Мицкоски во Давос бара посредничка куќа за мигрантите, прашуваат од СДСМ