Супермоделот Емили Ратајковски јавно ги изнесе своите поплаки за другиот пол.
Во последното издание на поткастoт High Low with EmRata 31-годишната манекенка, актерка и успешна деловна жена фрли малку светлина врз своите неодамнешни врски по разделбата од сопругот Себастијан Бер-Меклард.
„Се чувствувам како да ги привлекувам најлошите мажи“, изјави Емили, автор на „Мое тело“.
Емили, чии поранешни момчиња беа Бред Пит и Пит Дејвидсон, го сподели својот став за појаката половина.
„Сакам самоуверен маж. Не сакам премногу самоуверен, кој треба нешто да докаже и се обидува да го докаже тоа преку мене. Тоа не е она што го сакам“.
Ратајковски исто така откри дека динамиката е нешто што придонесува за нејзините амбивалентни чувства кон додворувањето четири месеци по поднесеното барање за развод од продуцентот на Uncut Gems, со кој го има 22-месечниот син Силвестер Аполо.
„Тоа е она што го мразам кај средбите… особено средбите со мажи“, рече ѕвездата на Gone Girl.
„Тие велат: ти си посебна, успешна си. И на почетокот тоа им одговора, а потоа се чувствуваат омаловажени и не знаат што да прават со тие чувства и почнуваат да те презираат. Почнуваат да те рушат, а потоа се враќаш на почеток“.