Утрински Весник
Спорт

Емилијано Мартинез ќе биде замената за Онана во Интер?

Емилијано Мартинез ќе биде замената за Онана во Интер?

Емилијано Мартинез беше еден од хероите на Аргентина на последното Светско првенство, каде што „гаучосите“ се крунисаа за светски шампиони. Неговата неверојатна одбрана во 120. минута ја спречи победата на Франција и натпреварот отиде во пенал-рулет, кој неговиот тим го доби.

dobivaj vesti na viber

Од тој момент тој е во центарот на вниманието и во неколку наврати изјави дека негова желба е да игра во Лигата на шампионите. Во Астон Вила е тешко да се постигне тоа, но затоа не е во Интер.

Финалистот во Лигата на шампионите минатата сезона испрати изненадувачка понуда од 15 милиони евра за Аргентинецот.

Астон Вила одби, но преговорите продолжуваат и сигурно ќе се интензивираат со оглед дека голманот е заинтересиран за трансфер.

Со продажбата на Онана за 50 милиони евра на Манчестер Јунајтед, Интер остана без стартен голман, а се чини дека Мартинез би бил вистинскиот избор со оглед на квалитетите кои ги поседува.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина