Утрински Весник
Магазин

„Еманципација“, прв филм на Вил Смит по оскаровската шлаканица, излегува во декември

„Еманципација“, прв филм на Вил Смит по оскаровската шлаканица, излегува во декември

Првиот филм на Вил Смит откако му удри шлаканица на Крис Рок на доделувањето „Оскари“ ќе дебитира во кината во декември, потег што го прави филмот прифатлив за златната статуетка следната година.

dobivaj vesti na viber

Дистрибутерот „Епл инк“ го најави тајмингот во понеделникот, а истиот ден беше објавен и трејлер за претстојниот филм.

Историскиот трилер со наслов „Еманципација“ е приказна за човек кој бега од ропство. Филмот е снимен пред Смит да го нападне Рок на сцената минатиот февруари, но датумот на неговото објавување беше неизвесен.

На Смит му е забрането да присуствува на церемонијата на доделување „Оскари“ следните 10 години, но сепак има право да биде номиниран и да победи.

Актерот јавно му се извини на Рок, на филмската академија и јавноста за тоа што му удри шлаканица на комичарот поради шегата за изгледот на неговата сопруга Џејда Пинкет Смит. Неполн час подоцна, Смит ја доби статуетката за најдобар актер за улогата во филмот „Крал Ричард“, каде го потретира таткото на тениските легенди Венера и Серена Вилијамс.

„Еманципација“ ќе се прикажува исклучиво во киносали една недела почнувајќи од 2 декември, а ќе дебитира на стриминг-платформата „Епл ТВ-плус“ на 9 декември, соопшти „Епл“.

 

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста