Утрински Весник
Свет

Елон Маск реагираше за пожарот во фабриката на „Тесла“ во Берлин

D0bcd0b0d181d0ba D0bed181d0bbd0bed0b1d0bed0b4d0b5d0bd D0bed0b4 D0bed0b1d0b2d0b8d0bdd0b5d0bdd0b8d0b5d182d0be D0b4d0b5d0bad0b0 D0b2d0be 20 63dec9171a179.jpeg

Директорот на „Тесла“, Илон Маск реагираше на денешниот напад врз неговата фабрика за автомобили во близина на Берлин од страна на левичарска екстремистичка група, што доведе до прекин на електричната енергија.

„Овие се или најглупавите еко-терористи во светот или се марионети на оние кои немаат добри еколошки цели. Запирањето на производството на електрични возила, наместо возила со фосилни горива, е крајно глупаво“, напиша Маск денеска на социјалната мрежа „Икс“, која ја поседува.

Запален електричен столб предизвика голем прекин на електричната енергија во регионот во близина на фабриката.

Производството во единствената европска фабрика на „Тесла“ во Грунхајде беше запрено, а фабриката беше евакуирана. Погодени беа и бројни домаќинства во регионот.

Членовите на левичарската група ја презедоа одговорноста за нападот преку е-пошта во која го обвинуваат американскиот производител на автомобили за „екстремни услови на експлоатација“. 

Можете да прочитате

Кендал: Земјите-членки на НАТО се вовлечени во „скриена кибервојна“ со Русија

Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во дискотека во Мексико

Песков: Бајден ги саботира мировните планови на Трамп за Украина