Утрински Весник
Спорт

Елмас: Никој не зборува за титулата

Елмас: Никој не зборува за титулата

Наполи направи уште еден чекор на патот до титулата во Аерија А. Наполитанците славе на гостувањето кај Сасуоло со 2:0 и со натпревар повеќе, на челната позиција, имаат 18 поени повеќе од Интер.

dobivaj vesti na viber

Мечот на „Мапеи“ стадионот го решија двајцата најдбри во тимот на Наполи, Кварацхелија и Осимен.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го одигра решиси целиот натпревар. По мечот откри дека никој во клубот не зборува за Скудетото, кое последен пат во Неапол се славеше во ерата на Диего Марадона.

„Се уште не го изговараме зборот „Скудето“, има уште многу натпревари за играње. Максимално сме фокусирани. Среќни сме поради победата, Сасуоло на претходните мечеви ги победи Милан, Лацио и Аталанта и беше тешко“.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина