Утрински Весник
Спорт

Елмас ги споредуваше соиграчите со колачи: Квара наликува на еклер

Елмас ги споредуваше соиграчите со колачи: Квара наликува на еклер
Ss2

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас гостуваше во студиото на „ДАЗН“ во емисијата „Култура“ каде што зборуваше на забавни теми, а ги споредуваше и своите соиграчи со колачи.

dobivaj vesti na viber

„Квара? Тој е еклер! Ди Лоренцо е, на пример, баклава! Лоботка наликува на „баба“, тоа е колач со рум. Ким? За него не би можел да најдам десерт. Можеби чоколаден прелив затоа што сите го сакаат“, изјави Елмас во шега.

Img 5587

Ги споредуваше Неапол и Скопје, а потенцира дека пицата и сушито му се омилени јадења во Италија

„Мојот прв спомен од Неапол? Тесните улици… Во првото доаѓање дојдов да јадаме пица. Поразлична е од Македонија. Неапол е навистина убав град, има море, има многу работи, поголем е од Скопје, мојот град. Омилено јадење ми е пица. Многу јадам, нема да верувате колку многу. Да, обожувам и суши“, истакна македонскиот репрезентативец.

Елмас откри и дека во детството бил голем фан на Рома и обожавал да го гледа Тоти.

Ss1

Можете да прочитате

Струга ТЛ ја прекина соработката со тренерот Дуро

Рангник се откажа од жешкото столче кај Баерн Минхен

Синер: Морав да се повлечам од турнирот во Мадрид