Утрински Весник
Спорт

Ел Чирингито: Симеоне ќе го напушти Атлетико

Ел Чирингито: Симеоне ќе го напушти Атлетико

Диего Симеоне по завршувањето на сезоната ќе го напушти Атлетико Мадрид, беше објавено во шпанското шоу „Ел Чирингито“.

dobivaj vesti na viber

Атлетико игра лоша сезона, во моментов се петти во Примера, а во Лигата на шампионите не успеаја да ја поминат групата во која беа Бриж, Порто и Баер Леверкузен.

Симеоне е на клупата на Атлетико, клубот во кој мина пет години како играч, од 2011 година. Во 2014 година на мадридскиот клуб му ја донесе титулата шампион на Шпанија, прва од 1996 година. Седум години подоцна, Симеоне и Атлетико повторно станаа шпански шампиони.

Со мадридскиот клуб Аргентинецот освои две титули во Лига Европа, два Суперкупа на Европа, Купот на Кралот и два пати играше во финалето на Лигата на шампионите.

Можете да прочитате

ФИФА ги призна грешките во подготовката на проектот ФФЕ и изрази поддршка за Инфантино

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид

Скопје и Гевгелија од четврток домаќини на ЕП за кошаркари до 16 години