Утрински Весник
Свет

Експлозија во зграда на британски остров, едно лице загина

Експлозија во зграда на британски остров, едно лице загина

Едно лице загина, а десетина се водат за исчезнати по експлозија во станбена зграда на британскиот остров Џерси, пренесоа британските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Полицијата го пребарува местото на настанот во Сент Хелиер.

Од полицијата велат дека пожарот е изгаснат, но итната помош се уште е на терен. Областа на несреќата е опколена, а полицијата ги замолува граѓаните да ја избегнуваат.

Робин Смит, началник на полицијата во државата Џерси, рече дека полицијата примила извештаи за „голема експлозија“ околу 4 часот наутро.

Тој рече дека едно лице загинало, а две лица, за кои рече дека се ранети, завршиле во болница.

„Се разбира, има голем број други лица кои се водат како исчезнати и затоа е започната операција за пребарување и спасување“, рече тој.

Смит додаде дека меѓу 20 и 30 луѓе евакуирани од областа биле однесени во градското собрание на Сент Хелиер.

Тој наведува дека е тешко да се процени бројот на исчезнати со оглед на тоа колку зградата е уништена.

„Во моментов бараме десетина од нив, но таа бројка може да се промени“, рече тој,пренесе Индекс.хр.

Можете да прочитате

Путин го одликува Медведев со Орден за заслуги за татковината

Бербок: Мировни сили на ООН би можеле да го гарантираат мирот во Украина

Трамп до членките на НАТО: Ќе воведам големи санкции кон Русија, кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа