Утрински Весник
Свет

Експлозија во кафуле во Санкт Петербург – загинат познат воен блогер, 16 повредени

Експлозија во кафуле во Санкт Петербург – загинат познат воен блогер, 16 повредени

Едно лице загина, а 16 се повредени во експлозија во кафуле во Санкт Петербург, јавува руска Известија.

dobivaj vesti na viber

– Според првичните информации, повредени се 16 лица – соопштија од итната помош.

На местото на настанот излегле 13 екипи на Брза помош.

– Воениот руски блогер Владлен Татарски загина во експлозија во кафуле во Санкт Петербург – пренесува ТАСС, повикувајќи се на итната помош. Според локалното издание „Фонтанка“, тој бил познат меѓу членовите и симпатизерите на приватната војска „Вагнер“ на Евгениј Пригожин.

Други детали се’ уште не се објавени.

Можете да прочитате

Во Аргентина стапката на сиромаштија достигна 32,3 отсто во првата половина од 2026 година

Пезешкијан: Одлуката за ставање крај на војната е во рацете на САД

Арапските партии дисквалификувани од изборите во Израел, одобрено учеството на крајнодесничарската „Оцма Јехудит“