Утрински Весник
Македонија

Експлозија во фабрички погон во „Железара“, има повредени работници

Експлозија во фабрички погон во „Железара“, има повредени работници

Во погон на фабрика во кругот на поранешна „Железара“ доцна синоќа настанала експлозија, пришто тројца вработени се здобиле со повреди, соопшти МВР.

dobivaj vesti na viber

Хоспитализирани се вработените Р.Ѓ.(41) од с.Студеничани, К.Ф.(29) од с.Мојанци, и Р.С.(33) од Долно Количани, Скопско.

Тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Засега не е познато како дошло до експлозијата во фабриката.

Можете да прочитате

Притвор за струмичанец, при преглед пронајдена дрога

Ќерката на Ивановска ја напушти Македонија и покрај можноста за работа – причината е нефункционалниот систем

Достоинство или интеграција по секоја цена? Или достоинствена интергација! Македонскиот пат кон Европа