Утрински Весник
Балкан

Експлозија на плинска боца во Лесковац, повредена трудница која минувала покрај локал

Brza Pomos 1.webp.webp

Една жена е повредена само затоа што случајно одела пред Здружението на бранители во Лесковац кога во него експлодирала плинска боца.

Парче од стакло и го пресече лицето, и итно е пренесена во болница, потврди новинар на лице место.

„Жената се чувствува добро и по укажаната помош е пуштена дома. Инаку, таа е во рана бременост, па направивме и детални прегледи“, вели директорот на лесковачката општа болница Небојша Димитријевиќ.

Шанкот целосно изгорел, а пожарникарите набрзина успеале да го локализираат пожарот за да не се прошири на другите околни згради.

Инаку, пожарот се уште се гаси, а улицата во моментов е затворена за сообраќај. Исто така, во овој дел од градот нема струја.

Можете да прочитате

Повеќето се млади луѓе: Познат идентитетот на дел од загинатите во Нови Сад

Нови Сад ќе ги сноси трошоците за погребот на загинатите на железничката станица

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Снимен моментот на уривање на железничката во Нови Сад