Утрински Весник
Балкан

Експлозија на плинска боца во Лесковац, повредена трудница која минувала покрај локал

Brza Pomos 1.webp.webp

Една жена е повредена само затоа што случајно одела пред Здружението на бранители во Лесковац кога во него експлодирала плинска боца.

Парче од стакло и го пресече лицето, и итно е пренесена во болница, потврди новинар на лице место.

„Жената се чувствува добро и по укажаната помош е пуштена дома. Инаку, таа е во рана бременост, па направивме и детални прегледи“, вели директорот на лесковачката општа болница Небојша Димитријевиќ.

Шанкот целосно изгорел, а пожарникарите набрзина успеале да го локализираат пожарот за да не се прошири на другите околни згради.

Инаку, пожарот се уште се гаси, а улицата во моментов е затворена за сообраќај. Исто така, во овој дел од градот нема струја.

Можете да прочитате

Обвинителите во Хаг побараа 45 години затвор за поранешниот косовски претседател, Хашим Тачи

МВР на Србија до недела ќе врши засилена сообраќајна контрола на камионите и на автобусите

Синиша Каран е нов претседател на Република Српска