Утрински Весник
Свет

Екс потпретседателката на ЕП останува во притвор уште еден месец

Екс потпретседателката на ЕП останува во притвор уште еден месец

Белгискиот суд денеска пресуди дека европратеничката Ева Каили ќе остане во притвор уште еден месец бидејќи продолжуваат истрагите за наводите за корупција во случајот за поткуп во кој е вмешан домаќинот на Светското првенство Катар, соопштија белгиските обвинители.

dobivaj vesti na viber

Ева Каили (44), која беше разрешена од функцијата потпретседател на Европскиот парламент претходно овој месец, може да поднесе жалба на одлуката во рок од 24 часа.

Таа негира каква било вина и претходно преку својот адвокат изјави дека е невина.

Каили беше уапсен на 9 декември, кога белгиската полиција изврши претреси на бројни адреси и пронајде 1,5 милиони евра во кеш.

Таа набрзо беше обвинета и оттогаш е во притвор.

Поранешна телевизиска водителка, која беше сменета од позицијата потпретседател на Европскиот парламент по полициските рации минатиот месец, стана најистакнато лице во корупцискиот скандал.

Меѓу осомничените се уште три лица.

Европратеничката демантира дека добила пари од Катар во замена за влијание врз одлуките кои се однесуваат на таа земја во Европскиот парламент.

 

Можете да прочитате

Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина

Марин Ле Пен може да предизвика огромна финансиска криза во Европа

По 20 години, уапсен е еден од најбараните бегалци по кои ФБИ имаше издадено потерница