Утрински Весник
Спорт

Црвена Звезда го доби Олимпијакос, Партизан го тресна Фенербахче

Црвена Звезда го доби Олимпијакос, Партизан го тресна Фенербахче

Српските клубови Црвена Звезда и Партизан остварија важни победи во Евролигата. „Црвено-белите“ беа подобри од Олимпијакос во Пиреја и славеа со 86:90, а Партизан славеше на гости против Фенербахче со 72:73.

dobivaj vesti na viber

Лука Вилдоза со 21 постигнат поен ја предводеше Црвена Звезда во победата над Олимпијакос, а Филип Петрушев беше стрелец на 14 кошеви.

Партизан одигра одлично во последниот период од дуелот со Фенербахче, го доби со 15:22 и на крајот стигна до триумф. Кевин Пантер со 12 поени беше најефикасен во тимот на Жељко Обрадовиќ.

Макаби Тел Авив победи на гости против Алба Берлин со 70:83. Џарел Мартин со 21 поен беше најефикасен во победничкиот тим.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ повторно покажа шампионски карактер, во полуфинале го чека Синер

Роналдо го одигра последниот натпревар на Светско првенство

Заврши Мундијалот за домаќинот САД, Белгија убедлива