Утрински Весник
Спорт

Екс играч на Јувентус уринирал крај теренот, а кога влезе во игра – доби црвен картон

Екс играч на Јувентус уринирал крај теренот, а кога влезе во игра – доби црвен картон

Кристијан Бунино, напаѓачот на италијанскиот третолигаш Леко, а поранешен фудбалер на Јувентус, доби црвен картон на натпреварот од 33. коло во кој неговиот тим одигра 0:0 со Пјаченца. Тренерот на Леко, Лучијано Фоски, реши да го внесе Бунино во игра во 73. минута. Претходно, напаѓачот уринирал во близина на теренот, што го забележал помошниот судија и му пријавил на судијата, кој му покажал црвен картон.

dobivaj vesti na viber

На соиграчите на теренот не им беше јасно што се случи, а Бунино неуспешно се обиде да го прикрие неговиот потег. Тренерот ја коментираше бизарната ситуација по натпреварот.

„Правилата се такви и мора да се применуваат. Сепак, се надевав дека судиите ќе размислуваат логично бидејќи тој не навреди никого, никој не го виде тоа. Се надевав дека ќе добие жолт картон, но судијата не направи грешка. Бунино? Тој не ни знаеше што ќе се случи“, изјави Фоски.

Бунино оваа сезона постигна два гола на 32 настапи во третото ниво на италијанскиот фудбал. Играше за неколку нисколигаши, како и за Сиена, Ливорно и за Пескара. Во сезоната 2018/2019 играше за тимот на Јувентус до 23 години.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ