Утрински Весник
Македонија

Екс-директорот на СОЗР, Пеце Мирчевски доби нови 30 дена притвор

Pece Mirceski .jpg

Поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи при Влада на Република Македонија, Пеце Мирчевски од СДСМ, останува во притвор.

Тој денес доби продолжување на мерката за нови 30 дена.


Минатиот месец судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му определи прва мерка притвор во траење од 30 дена на Мирчевски.

-Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за определување мерки за обезбедување против едно лица поврзано со истрагата за Службата за општи и заеднички работи при Влада на РМ, по произнесување на осомничениот во присуство на негов бранител и Јавниот обвинител, донесе решение со кое: Се прифаќа предлогот на Јавниот обвинител и на осомничениот П.М. му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т. 1 и 2 односно Опасност од бегство и Можност да ја попречи истрагата со влијание врз сведоците, соопштија тогаш од Основниот кривичен суд Скопје.

Мирчевски беше уапсен на 5-ти февруари годинава кога Финансиската полиција отвори истрага за сторени кривични дела примање поткуп, фалсификување службена исправа, проневера во службата и несовесно работење во службата извршени за време додека бил директор.

Заедно со Мирчески уапсен беше и сопственикот на рент-а-кар сервисот ВИП, кој е опфатен со истата истрага.

Првопријавениот П.М, во својство на службено лице – директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, во периодот од 09.06.2021 година заклучно со 13.06.2024 година, свесно и со умисла, извршил службени дејствија кои што не смеел да ги изврши и потпишал пет договори за јавни набавки со правен субјект од Скопје, во сопственост и управуван од страна на второпријавениот Г.П, a притоа не го пријавил постоењето на судир на интереси, не се изземал од истите постапки за јавни набавки и во текот на целиот тој период, а и по престанувањето на функцијата директор, остварувал директна материјална корист за себе и за свое блиско лице од правниот субјект во сопственост и управуван од страна на второпријавениот Г.П. и со таквиот начин на постапување првопријавениот го сторил кривичното дело примање поткуп по член 357 став 1 и став 3 од Кривичниот Законик на Република Македонија, а второпријавениот го сторил кривичното дело давање поткуп по член 358 став 1 од Кривичниот Законик на Република Македонија, се вели во соопштението од Управата за финансиска полиција.

Можете да прочитате

Почнуваат активностите за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“

Светски ден на бубрегот, хроничната бубрежна болест тивка пандемија на 21 век

Облачно и топло, попладне врнежи од дожд