Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Џеj Ло сподели детали и фотографии од раскошниот свадбен викенд во Џорџија

Џеj Ло сподели детали и фотографии од раскошниот свадбен викенд во Џорџија
Img 7972

Џенифер Лопез на своите фанови им овозможи кус поглед на тридневната свадбена екстраваганца на имотот на нејзиниот сопруг Бен Афлек во Џорџија.

dobivaj vesti na viber

Во својот најнов билтен On The JLo објавен во четвртокот, таа откри романтични детали од нивниот голем ден, кој дојде само неколку недели откако се венчаа во Лас Вегас.

На една од фотографиите, суперѕвездата (53) е со бел фустан на Ралф Лорен а згодниот младоженец (50) танцува под неонски знак, на кој пишува: Господин и госпоѓа Афлек.

„Веројатно ќе имав многу повеќе мисли да не се фокусирав да не се сопнам од фустанот, но кога се приближив доволно блиску за да го видам неговото лице, тоа ја имаше истата прекрасна смисла“.

„Некои стари рани беа залечени тој ден и тежината на минатото конечно ни се симна од рамениците. Целосен круг – и воопшто не како што планиравме. Подобро“, напиша Џенифер.

Убавата невеста одлучи да го опише нивниот голем ден со споделување на цитат на Афлек од неговиот филм Live By Night од 2016 година, кој гласи: „Ова е рајот. Точно тука. Сега сме во него“.

Можете да прочитате

Едноставна вежба открива многу: ако можете да ја направите по 45-годишна возраст вие сте во одлична форма

Пет навики што покажуваат дали сте на вистинскиот пат како родител

Дали „бјути слип“ е само мит или навистина треба да си легнуваме на време