Утрински Весник
Спорт

Египет со пет победи во пет меча влезе во четврт-финале, Хрватите пред елиминација

Египет со пет победи во пет меча влезе во четврт-финале, Хрватите пред елиминација
Ss2

Ракометната репрезентација на Египет со 26:22 (13:9) го совлада Бахреин за да ја забележи петтата победа во пет меча на Светското првенство во Полска и Шведска, за да го запечати своето место во четврт-финалето и во исто време да ја донесе Хрватска на работ од елиминација во групата 4.

dobivaj vesti na viber

Хрватите сега за четврт-финале треба да сигнат до победи над Белгија и Бахреин, што можеби е остварлива цел, но потребно им е и Данска да загуби од Египет во последното коло (или уште поневеројатно да загуби денеска од САД). Покрај тоа, во оваа теоретска ситуација, Хрватите ќе мораат да ја подобрат и гол-разликата – Данска има +30, а Хрватска +9.

Ss1

Во третата група пак, Србија со 28:22 ја совлада Аргентина, во дуел на две репрезентции кои немаат шанси за четврт-финале.

СП РАКОМЕТ 2023
ГРУПА 3
Србија – Аргентина 28:22 (12:10)
Катар – Норвешка 18.00 ч.
Холандија – Германија 20.30 ч.
ГРУПА 4
Бахреин – Египет 22:26 (9:13)
Хрватска – Белгија 18.00 ч.
САД – Данска 20.30 ч.

ПРЕЗИДЕНТ КУП
Алжир – Мароко 27:28 (15:13)
Македонија – Тунис 18.00 ч.

Ss1

Можете да прочитате

Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале

Олимпискиот оган попладневно во Атина ќе им биде предаден на организаторите на ЛОИ „Париз 2024“