Утрински Весник
Македонија

Еднократна парична помош за секое прваче во Аеродром

Еднократна парична помош за секое прваче во Аеродром

Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош од 3500 денари за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината.

dobivaj vesti na viber

Рокот за пријавување е од 15 јуни до 29 септември 2023 година.

Родителите на првачињата потребно е до архивата на Општината да поднесат потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2023/2024 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром или основно училиште со ресурсен центар, фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето, како и на увид лична карта или патна исправа на барателот.

Можете да прочитате

Oблачно со повремени врнежи од дожд

Еден повреден пренесен со Брза помош во пресметка пред СЦ „Јане Сандански“

Вооружено разбојништво во Чаир: Тројца одзеле пари од обложувалница