Утрински Весник
Свет

Едногодишно девојче од Шпанија е првото во светот на кое успешно му е извршена трансплантација на цревата

Едногодишно девојче од Шпанија е првото во светот на кое успешно му е извршена трансплантација на цревата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Едногодишно девојче од Шпанија беше првото во светот кое успешно беше подложено на трансплантација на цревата од донатор кој почина од срцева слабост, соопшти денеска мадридската болница Ла Паз.

dobivaj vesti na viber

Покрај цревата, бебето Ема доби и нов црн дроб, стомак, слезина и панкреас, а подоцна беше отпуштено во совршена состојба и сега е дома со своите родители, пренесува Ројтерс.

Шпанија е глобален лидер во трансплантации на органи, со над 102 трансплантации на органи на милион жители во 2021 година, стапка што ја надминуваат само Соединетите држави,пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Бурата Јоханес ја погоди Шведска

Силен земјотрес го стресе Тајван

Снежна бура парализира воздушен сообраќај во североисточниот дел на САД