Утрински Весник
Македонија

Едно лице загина во сообраќајна несреќа на магистралата Гостивар – Кичево

Policija.webp.webp

Едно лице починало од повреди здобиени во судар на две возила на магистралниот пат Гостивар – Кичево. Возачот на другиот автомобил е тешко повреден.

Според полицискиот портпарол, Фатмир Реџепи, вчера околу 17:10 часот, во Полициската станица Гостивар e пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на угостителски објект, се случила тешка сообраќајна несреќа.

– Во несреќата учествувале две патнички моторни возила, „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од Н.С. (34) од Гостивар „опел астра“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ѓ.П. (63) од Скопје. Во незгодата, доктор од Итната медицинска помош на самото место констатирал смрт кај возачот на возилото „опел астра“, Ѓ.П. (63), изјави Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

Возачот на возилото „пежо“, Н.С. (34), се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентниот центар во Гостивар за укажување лекарска помош.

На местото на несреќата увид врши Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во содејство со екипа од ОВР Гостивар.

Можете да прочитате

Нема подолги задржувања на граничните премини

Музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“ во Охрид во рамки на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија

Сончево и многу топло – 24info.mk