Утрински Весник
Балкан

Едно лице загина во експлозија во магацин за огномет во Бугарија, неговата ќерка е со 85 отсто изгореници

3 13.jpg
Dik 300x250 mk

Едно лице загина во експлозија во магацин за огномет во близина на бугарскиот град Елин Пелин, недалеку од Софија, изјави денеска бугарскиот министер за внатрешни работи Калин Стојанов.

Мажот (49) кој почина во експлозијата се здобил со тешки изгореници и синоќа бил хоспитализиран, а неговата 20-годишна ќерка, која исто така е во болница со 85 отсто изгореници, се уште е во критична состојба, пренесува порталот Новините.

Стојанов рече дека во магацинот каде што се случила експлозијата може да има уште две лица, меѓу кои и 22-годишниот син на сопственикот на магацинот.

Можете да прочитате

Полиција ги растера демонстрантите во Белград и уапси возач на автобус и студенти

Експлозија на бомба во Сараево!

Во Истанбул отворен најголемиот градски парк во Турција со 1,2 милиони квадратни метри зелена површина