Утрински Весник
Скопје

Една викенд – куќа и два деловни објекти зафатени од три одвоени пожари во Скопје

Befunky 2024 7 4 18 33 27.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во три одвоени пожари во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје и во околината, изгореа една викенд – куќа и два деловни објекти. Повредени лица нема, соопшти МВР.

Во првиот случај пријавен вчера во 21.06 часот во СВР Скопје, се посочува дека во с.Добри Дол, општина Сопиште, на место викано „Перковец“, настанал пожар во викенд – куќа сопственост на П.С.. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.

Вториот пожар бил пријавен во 13.10 часот на подрачјето на општина Аеродром, во близина на ДСУ „Димитар Влахов. Пожарот зафатил сува трева, но се проширил и на објект на фирма сопственост на О.Ј.. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.

Вчреа во 12.40 часот во СВР Скопје, бил пријавен пожар и на подрачјето на Чаир, кој настанал во објект на фирма сопственост на А.Р.(47) од Скопје. И во овој случај е интервенирано од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, по што пожарот бил изгаснат.

Засега нема информации за висината на пичинетата штета.

Можете да прочитате

Лишена е од слобода 40-годишна скопјанка која со возило усмрти пешак во Волково

Мицкоски ќе присуствува на отварање на детска градинка ,,Сонце”

Инспекциски надзори во „Титан – Усје“ во 2025 година не утврдија неправилности